Ливерпул го предупреди Лајпциг околу цената за Вернер, Клоп има алтернативна опција во Барселона

by
1 минути читање

Нема дилеми во
интересот на актуелниот европски првак Ливерпул за услугите на напаѓачот на
Лајпциг, Тимо Вернер, меѓутоа од германскиот бундеслигаш не отстапуваат од
бараната цена за репрезентативецот на „Панцирите“.

Во меѓувреме, се
шпекулира дека од Ливерпул го предупредиле Лајпциг околу цената за Вернер, во
случај да не добијат „попуст“, ќе се насочат кон другите алтернативни опции кои
ги имаат на списокот на желби.

Вернер има
откупна клаузула од само 50 милиони фунти, таа пред кризата со коронавирусот
беше мошне прифатлива за гигантите, меѓутоа во ваква состојба секако дека
прашање е колку клубовите би се расфрлале со толку големи средства, периодов, а
веројатно и во иднина.

И покрај фактот
што шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп е голем обожавател на
Вернер, „Редсите“ би можеле да се свртат кон алтернативните опции на нивниот
список на желби за засилувања, а извесно е дека Осман Дембеле од Барселона
високо котира на таа листа.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ потврди дека Дембеле е алтернативна опција за Ливерпул, а реално за очекување е во Барселона да не се противат на овие обиди на „Редсите“, од причина што Каталонците воедно се во финансиска криза, но и во прашање е колку во Дембеле гледаат фудбалер на подолг рок.

Не е тајна дека Клоп
му се восхитува на потенцијалот на Французинот, токму Клоп беше тој кој
препорача потпис на Дембеле претходно во Борусија Дортмунд, меѓутоа евентуален
поход на Ливерпул по дресот на Французинот помалку би било изненадување, со
оглед на фактот што фудбалерот често има проблеми со повредите, а во прашање е
секако и неговото однесување, кое на моменти се коси со професионалноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×