Ливерпул го победи Лестер и постави нов клупски рекорд, 64 меча без пораз на домашен терен (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јирген Клоп се соочува со големи проблеми поради повреди, а има и отсуства поради ковид-19. Но и покрај тоа Ливерпул денеска одигра брилијантен меч и убедливо го победи Лестер.

Ова беше рекордна победа, 64 меча на свој терен без пораз, Енфилд никогаш не бил понеосвоива тврдина.

Во 21. минута Еванс си постигна автогол, а 20 минути подоцна по одлично нафрлување од Робертсон Жота зголеми на 2-0.

На четири минути пред крајот Фирмино реализираше со глава за конечни 3-0.

По девет одиграни меча Ливерпул има 20 бодови, исто како и Тотнем кој останува лидер на таблата поради подобра гол разлика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×