213
Ливерпул оствари многу важна победа во Премиерлигата, триумф над Барнли кое ги носи во топ четири.
Резултатот го отвори Фирмино во 43. минута, а во вториот дел погодија и Филипс и Чембрлејн.
Сега Ливерпул има ист број на бодови како и Лестер, но за четири голови подобра гол разлика. Тоа значи дека ќе им биде доволна победа над Кристал Палас во последното коло за да обезбедат место во Лигата на шампионите.