Ливерпул го менува Нуњез – ѕвездата на Брентфорд на радарот на Слот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ливерпул сигурно чекори кон титулата во Премиер лигата, но на „Енфилд“ веќе се прават планови за следната сезона. Според англиските медиуми, Арне Слот има јасна визија за реконструкција на тимот, а еден од првите потези би можел да биде замена во нападот.

Дарвин Нуњез се очекува да го напушти клубот на лето, а „Дејли Мирор“ пишува дека неговата замена би можел да биде Брајан Мбуемо од Брентфорд.

Камерунскиот репрезентативец, кој веќе подолго време е на радарот на Арсенал, сега е и на листата на желби на Ливерпул. Се верува дека 25-годишникот одлично би се вклопил во офанзивната линија заедно со Мохамед Салах, Луис Дијаз и Диого Жота.

Мбуемо има импресивна сезона во Премиер лигата со 18 постигнати голови, а под договор со Брентфорд е до летото 2027 година. Сепак, медиумите од Островот пишуваат дека клубот е подготвен да го пушти за сума од околу 60 милиони евра – износ кој не претставува пречка ниту за Ливерпул, ниту за Арсенал.

Фудбалерот се приклучи на Брентфорд во 2019 година од Троа, и досега има запишано 237 настапи во дресот на „Пчелите“.

ФОТО/PHOTO: Brentford FC/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани