Ливерпул експресно најде нов помошник: Во стручниот штаб на Слот пристигнува холандска легенда

by Стефан
1 минути читање

Арне Слот летово остана без еден од своите двајца помошници во Ливерпул, откако Џон Хеитинга го напушти клубот и стана главен тренер на Ајакс. Но, холандскиот стратег сега пронајде достојна замена, некој што не само што добро го познава фудбалот, туку и со своето име предизвикува респект.

Според информации на реномираниот новинар од Ливерпул, Пол Џојс, нов помошен тренер на „црвените“ ќе биде легендарниот Џовани ван Бронкхорст. Тој се враќа во улогата на асистент, позиција што последен пат ја обавуваше на почетокот на својата тренерска кариера во Фејенорд, под водство на Роналд Куман.

Во изминатата деценија, Ван Бронкхорст изгради солидна самостојна тренерска кариера, водејќи ги Феенорд, кинескиот Гуангжу, Ренџерс и турскиот Бешикташ. Од последниот клуб беше разрешен во ноември минатата година, а сега ќе има шанса повторно да работи во елитниот фудбал, овојпат како „десна рака“ на својот сонародник.

Како фудбалер, Ван Бронкхорст беше капитен на холандската репрезентација и одигра дури 106 натпревари за националниот тим. Настапуваше за Феенорд, Валвијк, Ренџерс, Арсенал и Барселона, оставајќи длабока трага во секој клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×