Фудбалерите на Манчестер јунајтед одлично го отворија дербито против Ливерпул, поведувајќи уште во втората минута преку летното засилување Брајан Мбуемо. Домашните потоа ја презедоа иницијативата и создадоа неколку добри шанси, но немаа среќа, еднаш ја погодија и стативата, па на паузата резултатот остана 1-0 во корист на избраниците на Аморим.
Во второто полувреме сликата на теренот не се промени многу, Ливерпул напаѓаше, Јунајтед се бранеше и чекаше контра. Израмнувањето сепак стигна во 78. минута кога Федерико Киеза асистираше, а погоди Коди Гакпо.
Но радоста на „црвените“ траеше кратко. Веќе во 84. минута Хари Мегваер со удар со глаава по нафрлуваањето на Бруно Фернандеш донесе ново водство за Јунајтед, што на крајот се покажа како решавачко.
По овој пораз, Ливерпул влегува во сериозна криз, тимот на Арне Слот го запиша четвртиот пораз во низа, од кои три се во рамките на Премиер лигата, по поразите против Челси, Кристал Палас и Галатасарај.