Лион со пресврт до победа над Рома (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Одличен меч во Лион, многу шанси, шест голови и победа на домаќинот од 4-2, Рома може да жали бидејќи испушти водство кое го имаше на полувремето.

Натпреварот започна одлично за Лион, уште во 8. минута поведоа со гол на Диакаби, но следуваше комплетен пресврт, најпрво Салах изедначи на 1-1, а потоа Фацио донесе водство на Рома од 2-1.

На одморот се замина со предност на римската волчица која беше подобра во првите 45 минути.

Но работите се променија во вториот дел, Лион тргна на се или ништо, а Рома од контра напади се обидуваше да постигне нов гол.

Резултатот беше изедначен уште во 47. минута кога Толисо погоди за 2-2. Во 75. минута Фекир прави нов пресврт овој пат за Лион за водство од 3-2, а во судиското продолжение Лаказет со прекрасен гол ги постави конечните 4-2.

Предност од два гола разлика за Лион која ветува меч со многу голови и во Рим.

Во останатите дуели од 21:05 часот, Шалке и Менхенгладбах одиграа реми 1-1, со ист резултат заврши и мечот помеѓу Олимпијакос и Бешикташ. Генк со 5-2 победи на гостувањето кај Гент, а Селта со 2-1 го совлада Краснодар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани