Џеси Лингард
забележа сезона за паметење откако се пресели на позајмица во Вест Хем, но
истата веќе истекува, а тој има активен договор со Манчестер јунајтед до идната
година, па се уште не е познато каде ќе го гледаме во новата сезона.
Шефот на
стручниот штаб на Вест Хем, Дејвид Мојс јавно стави дознаење дека посакува да
го има Лингард и во новата сезона, меѓутоа моќта е апсолутно во рацете на
Манчестер јунајтед по тоа прашање, а фудбалерот веќе се одзва со емотивно писмо
за шест месечниот престој во редовите на „Чеканите“.
„Каков начин да
се заврши сезоната, да се постигне целта која си ја поставивме со оваа
неверојатна група на луѓе чувството е неверојатно, притискавме толку силно,
никогаш не се предадовме“ стои во неговото обраќање на социјалните мрежи.
„Се чувствувам
толку среќен што имав можност да дојдам во едно вакво опкружување, сите се
толку поврзани со клубот, а ми покажаа колку истиот е посебен, ви благодарам на
сите кои ми укажавте доверба, благодарност до тренерот, стручниот штаб,
благодарност до сите што ме направивте да се чувствувам толку слободен тука, а
секако морам да им се заблагодарам и на навивачите, неверојатно беше да се игра
пред вас во последното коло, што и да се случи во иднина, Вест Хем ќе има
посебно место во моето срце“ нагласи Лингард со што остави отворено прашање
околу неговата иднина.