Џеси Лингард не
добива минутажа на Олд Трафорд, па сака да направи трансфер до крајот на овој
месец. Неколку клубови пројавуваат интерес, но „ѓаволите“ не се откажуваат
лесно од Англичанецот и покрај тоа што тој не игра.
Тотнем и Вест Хем
се одбиени бидејќи им се ривали во битката за топ четири пласман, а се
закомплицираа и преговорите со Њукасл.
Покрај барањата
од 2,5 милиони фунти за позајмица до крајот на сезоната, како и Њукасл да ја
покрива целата плата на Џеси Линград (помеѓу 75.000 и 100.000 фунти неделно),
Манчестер јунајтед побарал и бонус од 12 милиони фунти доколку клубот од Сент
Џејмс Парк обезбеди опстанок.
Се говори дека
Џеси Лингард е вознемирен и бесен од ваквиот развој на настаните, а Њукасл
смета дека е уценуван поради тоа што сите знаат дека има пари за трошење.
И додека некои
сметаат дека бонусот е скандалозен, за некои е сосема нормален. Опстанок во
Премиерлигата вреди најмалку 100 милиони фунти, па 12 милиони фунти е малку во споредба
со оваа бројка а на Њукасл очајно му требаат квалитетни фудбалери кои ќе
помогнат да се избегне од дното на табелата. Плус, преселба во втора лига ќе биде силен удар врз намерите на новите сопственици и ќе го забават нивниот проект.