Лингард донесе одлука за својата иднина, Барселона и Милан се на потег

by
1 минути читање

Џеси Лингард
посакува да си замине од Манчестер јунајтед уште во јануарскиот преоден рок,
откако со тоа што се повлече од преговорите за нов договор стави јасно дознаење
дека повеќе не сака да биде дел од тој клуб.

28 годишниот
фудбалер првично посакува да замине на позајмица во јануари, а Барселона и
Милан се споменуваат како најсериозните претенденти за неговиот потпис во
моментов, а самиот Лингард очајно посакува да игра на Светското првенство во
Катар идната година.

Се верува дека
последната понуда на Манчестер јунајтед до Лингард за нов договор била одбиена
минатиот месец од страна на фудбалерот, а истата понуда наводно била со пониска
плата од сегашната.

Неофицијално,
претставник на Лингард минатата недела отпатувал во Шпанија на преговори, а
барем засега не се исклучува ниту можноста тој да се врати во Вест Хем, клуб
каде играше во фантастична форма за време на позајмицата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×