Се почесто англиски фудбалери се селат во Серија А, во Рома оваа сезона има дури тројца, Смолинг, Абрахам и Мејтланд-Најлс, Томори е во Милан, Туанзебе во Наполи, а се очекува таквиот тренд да продолжи и во летниот преоден рок.
Еден од фудбалерите кои би можеле да пристигнат во Италија е Џеси Лингард кој ќе биде слободен фудбалер кога сезоната ќе заврши.
Според „ЕСПН“, најсериозни кандидати за неговиот потпис се Јувентус и Милан, но сигурно ќе имаат конкуренција и од англиските екипи.
Милан и Јувентус ќе можат да му понудат на Лингард настап во Лигата на шампионите, иако можеби клубови како Њукасл и Вест Хем да му дадат поголема плата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.