Лил е шампион на Франција, прекината е доминацијата на ПСЖ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лил приреди големо изненадување во Франција освојувајќи ја титулата во Лига 1, ПСЖ конечно е симнат од тронот.

Лил нема ѕвезден тим, но одиграа одлична сезона, го имаа фантастичниот Бурак Јилмас кој беше брилијантен на 35 годишна возраст.

Денеска со голови на Давид и Јилмаз од пенал Лил имаше водство од 2-0 по првото полувреме, во 91. минута примија гол, но дојдоа до потребната победа и по крајот на мечот прославата можеше да започне.

ПСЖ со голови на Фавр и Мбапе дојде до победа од 2-0 кај Брест, но овој триумф ништо не им значеше.

Лил заврши на прво место со 83 бода, втор е ПСЖ со 82, следува Монако со 78.

Од Лига 1 испаднаа Ним и Дижон, а аНант ќе игра бараж.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×