158
23 годишниот
Даниел Џејмс се сели во Лидс, а Манчестер јунајтед за Велшанецот ќе добие
обештетување во висина од 28 милиони евра, вклучително и бонуси.
Фабрицио Романо
извести дека личните услови на фудбалерот од средниот ред се веќе договорени, а
медицинските прегледи се закажани за утре наутро, наскоро ќе следи и
официјализација на овој трансфер.
Повеќе од јасно е
дека за Џејмс нема место во плановите на Оле Гунар Солшер ниту во оваа сезона,
а останува нејасно каков ќе биде исходот за Џеси Лингард, фудбалер за кого
притиска Вест Хем, а токму таму блесна во изминатата полусезона.