Лидс ја наполни мрежата на Барнли, Харисон му „украде“ гол на Алиоски (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Уште едно одлично
издание на Езгјан Алиоски и Лидс, попладнево „белите“ стигнаа до убедлива победа
на гостувањето кај Барнли и славеа со 0-4.

Македонецот
запиша нова асистенција откако неговиот удар од работ на шеснаесетникот беше искористен
од Харисон, кој спретно реагираше, го промени правецот на топката и донесе 0-2
по еден час игра.

Во продолжението,
Родриго погоди два пати во период од 90 секунди, а првиот гол беше дело на
Клих, кој ја затресе мрежата на домаќините во финишот од првиот дел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×