Жозе Мурињо се
чини дека упати „отровна стрела“ кон дел од поранените клубови кои ги
менаџирал, а можеби најмногу тоа се однесува на Тотнем, како и првиот човек на
тој клуб Даниел Леви.
Португалскиот
фудбалски стратег доби отказ во Лондон на само една седмица до можноста да подигне
трофеј и со тој клуб во финалето од Карабао купот, а како што и самиот тој
тврди, понекогаш ги прифаќал новите предизвици во клубови кои му пришле на еден
некоректен начин, односно лажно претставувајќи голем проект.
„Јас правам
грешки понекогаш, не секогаш сум ги одбирал вистинските проекти, или сум
погрешил со проценката во одредени проекти, направив грешки, или бев упатен на
некоректен начин за да го прифатам тоа, но, на крајот секогаш е истото“ вели
тој во интервјуто за „ГКју Португалија“
„Ова не се мои
зборови, тоа се зборови кажани од некои други кои биле многу поважни од мене,
секој кој има цел, а воедно е без ограничувања, никогаш не старее. Не можам да
поверувам дека имам 30 годишно искуство во професионалниот фудбал, или дека
имам 58 години, бидејќи јас секогаш ја обновувам мојата мотивација“ додаде
Португалецот..
„Претходно имав
исклучително различни проекти во минатото, бев во Манчестер јунајтед кој беше
во фаза на транзиција, нема да кажам распаѓање“ вели тој.
„А бев и во Тотнем,
клуб кој нема историја на успеси, а сега сум во Рома, клуб кој има нови
сопственици, меѓутоа веднаш ја почувствував нивната искреност во проектот кој
ми го претставија, тука сум на една друга мисија, невозможна, велам невозможна
бидејќи луѓето тука ме гледаат во нивните очи на единствен начин – гледаат успеси,
победи…“ подвлече новиот предводник на „Римската волчица“.