Леви ја признава грешката, сака да го врати Покетино во Тотнем

by
1 минути читање

Даниел Леви делува како сопственик кој очајно посакува успех, а никако не може да дојде до него. Многумина сметаат дека тимот на Тотнем не е доволно добар за да освои сериозна титула, но тој смета дека во прашање се тренерите.

Последните информации велат дека негова желба е да го врати Маурисио Покетино.

ПСЖ не ја освои титулата во Франција, а тоа е голем неуспех за францускиот клуб под водство на Покетино. 

Со тимот кој го има ПСЖ, титулата во Лига 1 треба да биде загарантиран трофеј, а Лигата на шампионите да биде успехот по кој ќе се трага секоја сезона.

Покетино освои француски купови, но беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите и не ја освои титулата во француското првенство, па можно е неговата авантура во ПСЖ тука да заврши.

Се пишува дека и тој е свесен за тоа. Ако добие отказ од ПСЖ, Покетино би прифатил враќање во Тотнем но под одредени услови. Веројатно ќе бара Леви повеќе да вложи во ангажман на нови фудбалери, особено во одбраната, но ќе инсистира и на задржување на Хари Кејн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×