70
Барди подолго време се мачеше со повреда, пред некое време почна со индивидуални тренинзи, а од синоќа им се приклучи на соиграчите.
Се очекува Барди да биде во комбинација за наредните натпревари, прв доаѓа дуелот со Севиља.
„Леванте ги продолжи подготовките за претстојниот меч со Севилја и позитивната вест е дека во тимот на тренингот се врати Енис Барди, кој ја надмина повредата на бутниот мускул“, објави Леванте.
Ова е позитивна вест и за селекторот Благоја Милевски кој би требало да го има Барди на располагање за ноемвриските натпревари на Македонија.