Леванте го шокираше Атлетико во Мадрид, дали почнува да се тресе столчето на Симеоне (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Атлетико Мадрид е во лоша форма, но никој не очекуваше дека може да загубат од последнопласираниот Леванте на Ванда Метрополитано.

Но, токму тоа се случи, Леванте победи со гол на Мелеро во 54. минута од натпреварот.

Енис Барди беше стартер на овој меч и играше до 62. минута кога беше заменет.

По 24 одиграни натпревари Леванте е последен на табелата со само 14 освоени бодови, дури десет помалку од првиот во безбедната зона.

Овој пораз е аларм за Атлетико Мадрид, Диего Симеоне кој долги години е неприкосновен на тренерската позиција може е време да замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×