Јулијан
Најгелсман можеби ја отвори сезоната во Бундеслигата само со бод, но младиот
тренер веднаш донесе трофеј за Баерн Минхен. Вечерва, на „Сигнал Идуна Парк“, „баварците“
славеа над Борусија Дортмунд во Суперкупот на Германија.
Роберт Левановски
беше играч на вечерта, со два гола и асистенција, напаѓачот го предводеше
својот тим до триумф од 3-1.
Резултатот беше
отворен во 41. минута, Гнабри нафрли, Левандовски скокна највисоко и ја затресе
мрежата за 1-0. И додека Полјакот славеше, неговиот ривал, Ерлинг Халанд нервозно
шутираше во празно.
La réaction d’Erling Haaland après le but de Lewandowski #BVBFCB pic.twitter.com/PVIth9rAie
— FCBayern France(@FCBayern_French) August 17, 2021
По пет минути
игра во второто полувреме, Левандовски несебично остави топка за рутинска
реализација на Милер за 2-0.
Ројс ги врати „милионерите“
во игра во 65. минута, погоди прекрасно од врвот на шеснаесетникот за 2-1.
Сепак, во 74. минута,
Аканџи изгуби топка во опасната зона, Левановски доби на поклон зицер и не
промаши за 3-1.