Роберт
Левандовски смета дека Баерн Минхен не го цени доволно, Полјакот им се налутил
на „баварците“ поради коментарите на Хасан Салихамичиќ наменети за Ерлинг
Халанд.
Неодамна,
спортскиот директор рече: „60 погодоци на 60 натпревари, секако дека го
следиме, не сме аматери“.
Билд пренесува дека
не се исклучува можноста за трансфер во 2022 година, но појасна слика ќе се има
на стартот од следната година, неговиот агент Пини Захави планира да седне на
преговори со раководството на Баерн во февруари или март.
Весникот исто
така додава дека ова не е единствениот проблем, фрустрации кај голгетерот има и поради играта
на Баерн односно тоа што не добива многу топки и не е доволно инволвиран во
играта.
На мечот против
Гројтер Фирт, Роберт Левандовски не постигна гол за прв пат по 15 натпревари во Бундеслигата (пропушти да го изедначи рекордот на Герд Милер). По
крајот на мечот, Јулијан Нагелсман морал да го теши напаѓачот, а тој не се
појавил ниту на настанот со соиграчите кои бил организиран од страна на Мануел
Нојер.