Левандовски „летна“ на рацете на соиграчите и емотивно се прости од „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Роберт Левандовски се прости од навивачите на Барселона, откако синоќа го одигра последниот натпревар на „Камп Ноу“ во дресот на каталонскиот гигант.

Полскиот напаѓач по крајот на сезоната го напушта клубот како слободен играч, а емотивната сцена по последниот свиреж донесе многу солзи и аплаузи од трибините. Левандовски се обрати пред навивачите и призна дека ова е еден од најтешките моменти во неговата кариера.

Ви благодарам многу што дојдовте, ова е многу емотивен и тежок ден. Кога пристигнав, знаев дека клубот е голем, но со вашата љубов стана неверојатен. Од првиот ден се чувствував како дома во Барселона и на овој стадион. Им благодарам на моите соиграчи, тренери и сите вработени во клубот. Беше чест да играм за овој клуб, доживеавме одлични моменти во овие четири години и многу сум горд на сè што постигнавме заедно. Денес се збогувам, но секогаш ќе ве носам во моето срце. Некогаш Барселониста, секогаш Барселониста. Ви благодарам многу, да живее Барса и да живее Каталонија!“, порача искусниот напаѓач.

По натпреварот тој „летна“ и на рацете на соиграчите во знак на почит.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×