62
33 годишниот
напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ќе биде освојувач на престижната
награда „Златната топка“ која ја доделува францускиот магазин „Франс Фудбал“,
објави „Марка“.
Според објавеното,
полскиот напаѓач освоил 627 гласови, а по него следи Лионел Меси од ПСЖ,
односно Карим Бензема од Реал Мадрид во најдобрата тројка во изборот.
Доделувањето на
престижната награда предвидено е да се одржи на 29 ноември годинава.