96
Со 41 погодок во сезоната 2020/21, Роберт Левандовски беше најдобар стрелец во Европа и попладнево ја доби наградата „Златна копачка“.
Запрашан кој фудбалер му бил идол, Полјакот вели: „Кога бев млад, се огледував на Тјери Анри“.
„Но вистински идоли ми се родителите, кои се жртвуваа и секој ден после работа ме носеа на тренинг и првенствено се обидуваа да ме направат среќно дете, а потоа професионален фудбалер“.