263
Баерн Минхен влезе како голем фаворит во мечот против Ајнтрахт Франкфурт но се испоти за да дојде до потребниот триумф.
Левандовски на почетокот од мечот имаше нестварно промашување кога не реализираше иако пред него имаше празен гол.
Но, Баварците поведоа со гол на Перишиќ во 14. минута од натпреварот.
Во вториот дел Ајнтрахт заигра подобро и со гол на нововлезениот Да Коста во 69. минута дојде до израмнување на 1-1.
Сепак само пет минути подоцна Левандовски постигнува гол кој значеше победа на Баерн Минхен од 2-1.
Во финалето од купот ќе играат против Баер Леверкузен кој синоќа со 3-0 беше подобар од Сарбрикен.