Лев се радува на групата за Светско првенство во која ја доби и Македонија

by
0 минути читање

Македонија ја доби Германија како најсилен противник во квалификациската група, за првпат во историјата ќе излеземе на мегдан со Германците.

Јоаким Лев кој треба да е среќен што се уште не добил отказ, особено по дебаклот од Шпанија, е задоволен од групата на Германија.

„Мора да признаеме дека добивме добра група. Мора да ја оправдаме улогата на фаворити, но секако, немаме намера да потцениме ниту еден од противниците. Сепак, јасно е дека очекуваме да бидеме во Катар“, изјави Лев.

Покрај Македонија и Германија, во групата Ј се уште и Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×