67
Германија ќе направи неколку измени во составот за дуелот со Македонија бидејќи во претходните два меча, против Исланд и Романија играше со идентични стартни постави.
Тоа не значи потценување на Македонија, туку освежување на составот на Германија.
„Имам чувство дека Македонците се „премачкани со сите бои“, не се даваат лесно. Тие не се нималку послаби од Романците. Ќе треба да ја покажеме вистинската сила за да победиме“, вели Лев.
„Што се однесува до составот, само голманите се знаат. Ќе брани Марк Андре тер Штеген. Мануел Нојер ќе остане во тимот и покрај тоа што нема да биде на голот. А Илкај Гундоган ќе биде капитен доколку биде стартер“.