Лестер се засили со Сумаре од Лил

by
1 минути читање

Бубакару Сумаре е
второто летно засилување за Лестер во пресрет на новата сезона, а 22 годишниот
фудбалер од средниот ред пристигнува од францускиот првак Лил, каде изминатата
сезона на 32 меча постигна и еден гол.

Младиот Французин
потпиша договор со Лестер со важност до 2026 година, а неговиот трансфер на
Островот изнесува 23 милиони фунти.

Среќен сум, но и
горд што пристигнав во еден ваков голем клуб од Премиерлигата како Лестер
“ рече
Сумаре.

Чувствувам дека
ова е вистински потег за мене и мојата кариера, Лестер е доста амбициозен клуб,
кога ми ги претставија плановите, и тоа што го побараа од мене, знаев дека ова
е клубот кој го посакувам за мојата иднина
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×