Тами Абрахам и
повеќе од веројатно е дека нема иднина во Челси, барем не, додека таму е Томас
Тухел, откако 23 годишниот напаѓач одигра само 123 минути на теренот под
кормилото на германскиот фудбалски стратег.
На Островот
наведуваат дека младиот напаѓач сериозно размислува околу тоа дали да остане во
Челси и идната сезона, а за него наводно постои сериозен интерес од страна на
Лестер, како наследник за легендарниот фудбалер на тој клуб, 34 годишниот Џејми
Варди.
Лестер под будно
око ја следи ситуацијата со Абрахам во Челси, меѓутоа „Лисиците“ во Вест Хем ќе
го имаат главниот ривал за потписот на напаѓачот, откако „Чеканите“ сезонава
станаа доста сериозни претенденти за пласман во топ четирите екипи во
Премиерлигата.