Новинарот Хулио
Малдонадо, познат како Малдини, го внесе стоперот на Лестер, Чаглар Сојунџу
како дел од опциите на Реал Мадрид за наследник на Серхио Рамос.
„Потешко е да се
биде стартер во составот на Реал Мадрид, отколку во националниот состав на
Шпанија“ рече Малдини во својата анализа за „Радио Марка“, алудирајќи на фактот
што „Кралевите“ немаат ниту еден член во изборот на Луис Енрике на Европското
првенство.
„Доколку Реал
Мадрид го има Валјехо, како и Начо, да претпоставиме дека ќе остане Милитао,
како и Варан, а во тимот е веќе Алаба, тимот е навистина краток на овие
позиции, така клубот мора да се вклучи во потрага по засилување во дефанзивната
линија“ додаде тој, а потоа го посочи Сојунџу како одлична опција.
„Навистина ми се
допаѓа Сојунџу, турскиот централен бек, кој е веќе добро познат, станува збор
за фантастичен дефанзивец, има се’ во својата игра, неговото позиционирање е одлично, знае да ја изнесе
топката исто така, силен е во дуели, сметам дека Лестер е мал клуб за него, тој
би бил одличен за Реал Мадрид“ подвлече Малдонадо.