Леонардо со порака до Гатузо по серијата слаби резултати и гласините за отказ

by
1 минути читање

„Росонерите“ имаат катастрофален месец, доживеаја срамна елиминација од Лига Европа а во Серија А за прв пат по 1984 година, не постигнаа гол на четири меча во низa.

Па тренерското столче на Џенаро Гатузо се ниша и често се шпекулира дека стратегот ќе добие отказ. Гласините велат дека Милан веќе има листа со потенцијални кандидати за нов тренер, но спортскиот директор Леонардо денеска ги негираше ваквите стории.

„Никогаш не сме размислувале за промена на Гатузо. Џенаро е нашиот тренер, и нема, ниту пак имало, алтернативен план. Тренерските имиња за кои пишуваат медиумите никогаш не сме ги контактирале“ – вели Леонардо.

„Се уште можеме да ја оствариме целта која ја зацртавме, а тоа е топ четири финиш.“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани