Леонардо иронично: Во Мадрид уште од пред три години се сигурни дека Мбапе ќе оди кај нив

by
1 минути читање

Синоќа ПСЖ ја завери шампионската титула во Франција, па повторно се актуелизираше прашањето околу иднината на Мбапе.

Леонардо беше запрашан дали Мбапе ќе оди во Реал Мадрид или ќе остане во ПСЖ.

„Во Мадрид од пред три години се сигурни дека Килијан Мбапе ќе заврши кај нив, но можеби премногу се сигурни во тоа?“, со смеење го одговори ова Леонардо.

„Во постојан контакт сме со него и мислам дека ја кажува вистината кога вели дека размислува за неговата иднина. Мислам дека би можел да остане во ПСЖ, но исто би можел и да замине, но во моментов мислам дека навистина размислува“.

„Тој знае што сакаме ние, тој е Парижанец, тој е најдобриот фудбалер во светот… ние сакаме тој да остане со нас“.

Самиот Мбапе синоќа кажа дека се уште не донел одлука за својата иднина.

„Ништо не се променило, па немам што да кажам во моментов“, кратко рече Мбапе.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×