Леонардо го обвини Реал Мадрид за задни намери: Сето ова личи на стратегија…

by
1 минути читање

Реал Мадрид оваа
недела достави понуда вредна 160 милиони евра за услугите на Килијан Мбапе,
предлог кој веднаш беше одбиен. По серијата шпекулации, Леонардо денеска
разговараше со новинарите и го пренесе ставот на ПСЖ.

Спортскиот директор
вели дека „светците“ не сакаат да го продадат напаѓачот, нивната намера е да го
задржат Килијан Мбапе и да му го продолжат договорот. Секако, нема да го држат
играчот сосила, и тој ќе може да замине но под нивни услови.

Леонардо исто
така верува де Реал нема искрени намери да го купи Килијан Мбапе ова лето и
само поставува терен за Французнот беспари да се пресели во Мадрид по 12
месеци.

„Оваа понуда, на
7 дена пред крајот на преодниот рок, ми изгледа како на стратегија на Реал
Мадрид да добие негативен одговор од нас и потоа да каже дека сториле се што
можеле да го ангажираат оваа лето, па да почнат да преговараат за догодина
беспари да го добијат Килијан Мбапе“
– вели Леонардо.

„Реал Мадрид веќе
две години покажува непочитување кон нас, се однесува на некоректен и нелегален
начин со оглед на тоа дека нема право директно да стапи во контакт со играчот.
Ова е неприфатливо“.

„Исто така,
Килијан постојано ни велеше дека нема да замине бесплатно, па секако дека не
сме среќни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×