Лемар во 99. минута му донесе победа на Атлетико Мадрид кај Еспањол! (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Атлетико Мадрид со пресврт во второто полувреме дојде до победа против Еспањол. Гризман беше стартер но во игра излезе во 58. минута, неговиот тим тогаш губеше со 1-0.

Еспањол поведе во 40. минута со гол на Де Томас, со тој резултат и заврши првото полувреме.

Во 53. минута Лемар израмни на 1-1, но ВАР му го поништи погодокот.

Вистинското израмнување стигна во 79. минута кога Јаник Караско реализираше за 1-1.

Судијата покажа 10 минути продолжение, а во 99. минута Лемар постигна гол за победа на Атлетико Мадрид од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×