Легендата на „ѓаволите“: Зарем ова е дерби? Само два жолти картони… толку многу прегратки

by
0 минути читање

Дербито на Манчестер наместо сепктакл донесе разочарувачки 0-0. Во финишот од мечот, се чинеше дека двете екипи се задоволни со по еден бод па ретко кој се обидуваше да направи нешто повеќе.

Ваквиот пристап не му се допадна на Рои Кин, кој испрати серија критики.

„Денешниот натпревар беше прилично очаен во финишот, двата тима имаат толку многу квалитет а не покажаа желба да победат“ – вели легендата на „ѓаволите“.

„Само два картони, никогаш не сум видел толку многу прегратки и разговори по крајот на дерби натпревар. Навистина сум фрустриран, морате да се обидете да победите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×