Легендата на Баерн: Очигледно во Барса се финансиски уметници, но џабе си го трошат времето со Левандовски

by
1 минути читање

Во деновите кога
се најавува нова, трета, понуда на Брселона за услугите на Роберт Левандовски,
пристигнува силна порака од Германија.

Почесниот
преседател на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека „каталонците“ џабе ќе си го
трошат времето.

„Не знам ништо за
новата понуда на Барса, но како што стојат работите во Минхен во моментов, ова
го слушнав од неколку конверзации, Барселона си го троши времето и нема потреба
да испраќа понуди“
– вели Ули Хенес, кој потоа испрати зајадлив коментар за
финансиската состојба на клубот од Камп Ноу.

„Очигледно тие се
финансиски уметници, и покрај тоа што имаат огромен долг, успеваат да најдат
банка која им дава пари да платат висок трансфер каков што е овој. Да бидам
искрен, ова ми е незамисливо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×