Легендарниот Роналдо го продаде Ваљадолид

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот бразилски ас Роналдо Назарио и официјално повеќе не е сопственик на Реал Ваљадолид – шпанскиот клуб потврди дека е завршена продажбата, со што става крај на седумгодишната ера на славниот напаѓач на чело на тимот.

Роналдо ги продал своите акции на северноамерикански инвестициски фонд, а според шпанските медиуми, зделката е вредна нешто повеќе од 40 милиони евра – сума што ги задоволила неговите финансиски барања.

Зделката сè уште треба да добие „зелено светло“ од Високиот спортски совет (CSD), но клубот најави дека повеќе детали ќе бидат соопштени во наредните денови.

Роналдо го презеде Ваљадолид во 2018 година, но неговиот мандат беше далеку од успешен – клубот трипати испадна од Примера, а во моментов е последен на табелата со само 16 освоени бодови по 37 кола. Последниве месеци Бразилецот беше сè помалку присутен во клубот, што уште повеќе го влоши односот со навивачите.

Симболично, Роналдо ја напушта сцената во време кога Ваљадолид повторно тоне – но овојпат, без него на кормилото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани