Леао ќе мора да му исплати на Спортинг Лисабон обештетување од цели 16,5 милиони евра

by
1 минути читање

Португалскиот
апелациски суд ја потврди одлуката на спортскиот арбитражен суд во Лозана кој
пресуди во корист на Спортинг Лисабон во случајот со фудбалерот на Милан,
Рафаел Леао, кој ќе мора да исплати цели 16,5 милиони евра обештетување на
својот поранешен клуб.

Поради хаотичните
сцени во клубот кога навивачи на Спортинг Лисабон влегоа во тренинг центарот на
екипата, Леао во 2018 година се пресели во Лил, а заминаа и други фудбалери на
кои исто така им беше овозможено тоа.

По Лил следеше и
трансферот во Милан, меѓутоа од Спортинг Лисабон подготвија предмет за на суд
против
22 годишниот фудбалер
за што приложија доказ дека постоела и активна откупна клаузула која требало да
биде испочитувана за трансферот во Лил.

Инаку Спортинг
Лисабон првично бараше цели 45 милиони евра базирајќи се на откупната клаузула
во договорот на Леао, како и да е, судските органи пресекоа и ја сведоа сумата
на 16,5 милиони евра, сума која ќе биде како компензација за обештетување на
португалскиот прволигаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×