Лаутаро: Заслуживме многу повеќе

by
1 минути читање

Напаѓачот на
Интер, Лаутаро Мартинез не успеа да се запише во листата на стрелците во
пресметката со „Кралевите“, а тој по мечот истакна дека неговиот тим заслужил
многу повеќе.

Ние заслуживме многу повеќе, знаеме колку е тешко да се игра во Лигата на шампионите, а точно
знаевме и против кого игравме, доколку не погодите, поразот може да ви затропа
на вратата во секој момент, не можете ништо посебно да си дозволите против
тимови како Реал Мадрид
“ рече Лаутаро.

Сега мораме да
се посветиме на работата и новите предизвици кои не чекаат, треба да се
подобриме онаму каде што не бевме на потребното ниво, но и да не ги заборавиме
добрите работи кои ги сторивме досега
“ додаде Аргентинецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×