165
Силни се шпекулациите кои го поврзуваат Лаутаро Мартинез со трансфер, особено во Шпанија. Се споменуваат Атлетико Мадрид и Барселона, но играчот ги демантира.
„Многу сум среќен во Интер и не планирам да си заминам. Новиот договор ќе биде потпишан“, вели Лаутаро Мартинез.
Тој призна дека минатото лето бил блиску до трансфер во Барселона.
„Пред една година навистина бев блиску до Барселона, зборував со Меси лично, но одлучив да останам“.