Лаутаро призна дека бил близу до трансфер во Барселона, а објасни зошто останал во Интер

by
1 минути читање

Напаѓачот на
Интер, Лаутаро Мартинез откри дека бил мошне близу трансфер во Барселона, а за
тоа разговарал и со првата ѕвезда на Каталонците, Лионел Меси, меѓутоа на
крајот заклучува дека одлуката да остане во Интер на крајот се покажала како
доста исправна.

Јас бев многу
близу до трансфер во Барселона, јас дури и разговарав со Меси на таа тема
“ откри
23 годишниот напаѓач за „ЕСПН Аргентина“.

Како и да е,
финансиските проблеми кои Барселона ги имаше во тие моменти ме предомислија, на
крајот одлучив да останам во Интер, а од денешен аспект тоа се покажа како
правилна одлука, особено по фактот што го освоивме Скудетото
“ додаде тој, а
потоа нагласи колку е значајна титулата со Интер во Серија А сезонава.

Неверојатно е да
се освои титула со еден ваков неверојатно добар клуб
“ подвлече Лаутаро.

Аргентинецот
истовремено открива и дека за неговите услуги интерес пријавувал и Реал Мадрид
додека бил дел од младинскиот погон на Расинг, но посакувал да се пресели во
Европа кога ќе бил подготвен за таков чекор во кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×