193
Лаутаро Мартинез беше лут на одлуката на Антонио Конте да го повлече од игра против Рома, па кога излезе, нервозно шутна едно шише со вода.
Антонио Конте покажа дека не толирира вакво однесување и веднаш му испрати порака на напаѓачот.
Според пишувањето на Газета дело Спорт, инцидентот е веќе минато, Лаутаро Мартинез веднаш им се извинил на Антонио Конте и соиграчите и атмосферата во тимот не е нарушена.
По крајот на денешниот тренинг, договорена е скара во тренинг центарот, а Лаутаро Мартинез се пријавил да го врти месото и да подготви ручек за целиот тим.