Лаутаро и кажал ДА на Барса за плата која никогаш нема да ја добие во Милано, но Интер ја одбил понудата

by
1 минути читање

Барселона заврши
половина работа од трансферот на Лаутаро Мартинез, клубот од Камп Ноу ги
договори личните услови на Аргентинецот.

Новинарот Николо Шира
објави за целосен договор помеѓу Барселона и играчот за плата од 12 милиони евра
годишно плус бонуси, примања кои нема шанси да ги добие на „Џузепе Меаца“.

Со слична сторија
излезе и каталонскиот Спорт, и таму се вели дека голгетерот прифатил петгодишна соработка и примања од 12 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Сега останува
уште Барселона да пронајде заеднички јазик со Интер. Спортскиот директор на „нероаѕурите“,
минатата недела во два наврати порача дека единствен начин за Лаутаро Мартинез
да замине е некој да ја плати откупната клаузула вредна 111 милиони евра.

Николо Шира вели
дека е можен компромис по ова прашање, односно понуда од 90+ милиони евра и
еден фудбалер, и додава дека Интер го одбил последниот предлог на Барселона кој
се состоел од 60 милиони евра плус услугите на Артуро Видал и Нелсон Семедо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×