Лаутаро Мартинез
ги откри за јавноста советите кои му ги упатувал на неговиот сонародник Мауро
Икарди, и покрај тоа што обајцата Аргентинци се борат за главното место во
нападот на Интер, тој застана со поддршка за својот сонародник.
Икарди за момент
се најде во втор план во тимот на Нероаѕурите, се уште не е „рехабилитиран“ од
шест неделната пауза која ја имаше откако одбиваше да тренира и настапува во
дресот на тимот од Милано откако му беше одземена капитентската лента.
„Ние зборувавме
многу во текот на тој период, јас секогаш му давав значење на фактот колку е
тој важен за тимот, но, исто така му напоменував дека мора да бидат решени
проблемите помеѓу директорите и неговата сопруга и агент, и тоа директно помеѓу
нив“ рече Лаутаро во изјава за Газета дело Спорт.
„Ние како тим не
требаше да бидеме инволвирани, бидејќи тоа не беше наша вина, ние бевме
настрана од тој случај, сите сме свесни дека се бориме за место во стартните
11, заедно излегуваме на теренот, но, секој си е сам на своето за време на
тренинзите“ посочи Лаутаро.