Лаутаро близу до потпис на нов договор со Интер

by
1 минути читање

Специјалистот за
трансфери Џанлука Ди Марцио извести дека првата средба помеѓу претставниците
на Лаутаро Мартинез и Интер во однос на продолжување на соработката поминала
низ позитивна атмосфера, а со тоа напаѓачот е близу потпишување на нов
договор.

Неофицијално,
новиот договор на Аргентинецот би му донел значително зголемување на неговата
годишна плата која во моментов изнесува 2.5 милиони евра, но, со новиот договор
наводно ќе добие 6 милиони евра од сезона, а истиот би бил со важност до 2026
година.

Теренот за
предвидената средба беше подготвуван неколку седмици, а конечно се оствари
денеска, а претходно се шпекулираше дека Тотнем и Атлетико Мадрид се особено
загреани за услугите на Аргентинецот, за кого би можеле да издвојат 90 милиони
евра.

Со самото
заминување на Ромелу Лукаку во Челси, Интер во една таква ситуација сега не би
требало да се раздели и со Лаутаро, а очекувањата се конечната финализација
околу новиот договор да се случи во следните неколку денови.

Вреди да се додаде и тоа што дел од италијанските
медиуми го пренесоа во однос на преговорите, а тоа е дека агентот на Лаутаро наводно во преговорите
побарал годишна плата од 7 милиони евра за својот клиент, па секако би биле
вметнати и одредени бонуси кои ќе зависат од перформансите на напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×