Лас Палмас во 93. минута ги урна надежите на Атлетико за титула и освои три големи бода за опстанок! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Со гол на Хавиер Муњоз во судиското продолжение од мечот, Лас Палмас со 1-0 го победи Атлетико Мадрид и освои три големи бода во борбата за опстанок во Ла Лига.

Се чинеше дека мечот ќе заврши без погодоци, но тогаш на сцена стапи Хавиер Муњоз кој даде гол длабоко во судиското продолжение за триумф на неговиот тим.

Ова се многу важни три бода за Лас Палмас со кој сега излезе од зоната за испаѓање, но дел од ривалите утре ги играат своите натпревари.

Со овој пораз Атлетико Мадрид и дефинитивно се збогува со шансите за освојување на Ла Лига иако тие и пред овој натпревар беа минимални.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани