Лапорта веќе разговарал со Чави и раководството на Ал-Сад

by
1 минути читање

Вчерашниот пораз
на Барселона на домашен терен од Гранада во Примера, меч кој требаше да донесе
искачување на првото место на табелата, не помина добро кај раководството на
Каталонците.

Според пишувањата
на „Кватро“, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта веќе ја контактирал
легендата на клубот од „Камп Ноу“, Чави, кој моментално ја обавува функцијата
тренер на Ал-Сад, но истовремено контактиран е воедно и самиот катарски клуб.

Сево ова
навестува разделба на Барселона со сегашниот тренер Роналд Куман кој воедно на
мечот со Гранада доби и црвен картон, а со тоа два меча суспензија
поради тоа исклучување, што значи дека нема да ги предводи Каталонците на
дуелите со Валенсија, односно Атлетико Мадрид. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×