Старо-новиот
претседател на Барселона, Жоан Лапорта има одличен однос со првата ѕвезда на
тимот, Лионел Меси, чиј договор истекува на лето, а доколку ништо не се промени
на таа тема, Аргентинецот би можел да си замине без никакво обештетување.
Како и да е,
Лапорта го повтори тоа што и претходно го тврдеше, Меси сака да остане во
клубот, а тој самиот е убеден во тоа.
„Лео е најдобриот
фудбалер во светот, тој е во голема мера поврзан со овој клуб“ изјави Лапорта.
„Убеден сум дека
тој сака да остане тука, а ние како клуб ќе сториме се’ што е во наша моќ за тоа да се случи“ додаде тој.
„Веќе се уверивме
во тоа дека Меси е опкружен со добар тим околу себе, тим кој одигра убав фудбал“
заклучи Лапорта алудирајќи на победата над Атлетик Билбао од 4-0 во финалната
пресметка од Копа дел Реј.