Лапорта тврди дека постои прогрес во преговорите со Меси

by
1 минути читање

Барселона и
натаму прави напори за да постигне согласност со Лионел Меси за продолжување на
соработката со Аргентинецот чиј договор со клубот од „Камп Ноу“ веќе истече, а
претседателот на клубот, Жоан Лапорта тврди дека пости прогрес, за што додаде
дека истиот е соодветен.

Преговорите со
Меси за нов договор прогресираат соодветно
“ рече Лапорта.

Сите Каталонци,
Барселона, Каталонија и сиот останат фудбалски свет се среќни бидејќи Лео ја
освои Копа Америка
“ додаде тој.

Возбудливо е да
се види најдобриот фудбалер во историјата да е среќен поради освоена титула
како оваа, направи да плачеме од задоволство
“ нагласи првиот човек на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×