Жоан Лапорта
денеска се појави пред медиумите за да го промовира Серхи Бархуан како
привремен тренер на Барселона по отказот на Роналд Куман.
„Добар ден на
сите. Тука сме за да ве информирам дека Серхи Бархуан привремено ќе го предводи
првиот тим. Се работи за човек од клубот кој има искуство да ја врши работата. Ја
заслужува целата наша доверба“ – рече претседателот на Барса.
„Благодарни сме
на Роналд Куман за работата која ја заврши, се работи за легенда на клубот и
никогаш нема да го заборавиме. Донесе титула во Копа дел Реј но за жал мораше
да замине поради резултатите“.
Медиумите пишуваа
дека Холанѓанецот бил тажен и разочаран бидејќи отказ добил во авион, на летот
од Мадрид кон Барселона.
„Никогаш не сум
покажал непочитување кон него, ситуацијата беше неодржлива. Делумно и нему му беше јасно
дека мора да се разделиме. Преговорите за терминација на договорот бележат
добар прогрес, ќе го добие она што му е ветено во договорот“.
„Веројатно
требаше да му дадеме отказ поразно, лесно e од денешна гледна точка да правиме
анализи. Но да, веројатно требаше порано да пресечеме и превземам одговорност
за ова. Влеговме во опасна спирала и ризикувавме да не ги оствариме зацртаните цели“.
Силно се шпекулира
дека Чави ќе биде наследникот на Роналд Куман.
„Секогаш велев
дека Чави еден ден ќе биде тренер на Барселона. Имам добар однос со него, се
слушнавме пред неколку месеци, препораките кои ги добивам за него се одлични“.
„Но не е само
Чави, имаме неколку други опции“