Барселона беше
силно погодена од ковид пандемијата, приходите драстично се намалија па
„каталонците“ имаат проблем при настапот на трансфер пазарот и се ограничени од
правилата на Ла Лига, односно лимитот за плати е многу мал.
Жоан Лапорта сега
се пожали и откри дека ниту 600 милиони евра приходи нема драстично да ја
променат ситуацијата.
„Според Ла Лига,
ниту приходи од 600 милиони евра нема да ни помогнат многу кога е во прашање
лимитот за плати. Бараме начини како да ја подобриме финансиската ситуација, но
Ла Лига наместо да ни помогне, се обидува да ни нанесе штета“ – вели претседателот
на Барса.
Неодамна се
појавија гласини дека Барселона планира да прибере околу 900 милиони евра
продавајќи 30% од ТВ правата како и дел од две компани, но Жоан Лапорта го
негираше ова.
„Да, можевме да
направиме вакви зделки но се обидуваме да најдеме сценарио кое е во најдобар
интерес на Барса, и во моментов не сме нашле такво. Не е точно дека ќе
продадеме 30% од ТВ правата на Голдман Сакс. Нашата намера е да продадеме 10%
од ТВ правата. Во моментов добиваме околу 165 милиони евра годишно за ТВ
правата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.